fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Нестле ќе им плаќа на земјоделците во Африка децата да одат на училиште наместо да работат на плантажите за какао

Пред речиси две децении, големите компании ветија дека ќе престанат да користат какао што го собираат децата, но не успеаја да преземат значајни чекори.

Пред речиси две децении, големите компании ветија дека ќе престанат да користат какао што го собираат децата, но не успеаја да преземат значајни чекори.

Производителите на чоколада се соочуваат со зголемен притисок од инвеститорите, потрошувачите и владите да се осигураат дека зрната какао не се произведуваат со детски труд во Западна Африка.

Сепак, најголемиот дел од какаото, главната состојка за чоколадото, сè уште се произведува со детски труд.

Поголемиот дел од светската култура, околу две третини од какаото во светот, се одгледува на мали фарми во оддалечените региони во Гана и Брегот на Слоновата Коска.

Според студијата на Универзитетот во Чикаго детскиот труд е зголемен на 45 отсто во тие земји и се проценува дека околу 2 милиони деца работат на фарми за какао,

Нестле објави дека ќе почне да им плаќа готовина на фармерите на какао доколку ги праќаат своите деца на училиште, наместо да ги чуваат земјоделските култури со цел да се справи со проблемот.

Масивната швајцарска мултинационална компанија, критикувана дека дозволува децата да се користат во производството на нивните чоколади, рече дека тројно ќе ги зголеми своите сегашни годишни трошоци за одржливо какао до вкупна инвестиција од 1,41 милијарди долари до 2030 година.

„Само со справување со основните причини, ќе имаме влијание“, рече шефот за операции на Нестле, Магди Батато.

За да провери дали децата навистина одат на училиште и дали фармерите ги следат правилата, Нестле ќе ја следи програмата со други трети страни.

„Многу сме уверени дека ова ќе ја промени играта на патот кон намалување на ризикот од детски труд“, рече Батато.

Според новата програма, земјоделците ќе добиваат директни готовински плаќања преку мобилен трансфер до 543 американски долари годишно, што според Батато претставува 20-25 отсто од просечниот годишен приход на земјоделецот.

Стимулацијата потоа ќе достигне околу 270 долари по две години и постепено ќе се прошири на сите 160.000 фармери на какао на Нестле до 2030 година.

За разлика од сегашните премии кои се плаќаат по тон и можат да поттикнат хиперпродукција, Нестле, која употреби вкупно над 436.000 тони какао во 2020 година, рече дека ќе им плаќа директно на фармерите и нивните сопружници, независно од произведените количини.

„Поттикот за домаќинството е многу поинклузивен за помалите фармери, со што навистина се осигурува никој да не биде изоставен“, рече шефот на компанијата Александар фон Мајло.

Нестле ќе лансира производи Кит-Кет следната година направени со какао од фарми кои добија парични стимулации.

Фон Мејло рече дека напорите на компанијата на крајот може да доведат до повисоки цени за потрошувачите.

Според студијата финансирана од американската влада, преваленцата на деца кои вршат опасна работа, вклучително и користење на остри алатки, исто така се зголемила во првите два светски производители на какао.

Нивоата беа повисоки отколку во 2010 година кога компаниите како Марс, Херши, Нестле и Каргил се согласија да ги намалат најлошите форми на детска работа во секторите на какао во Гана и Брегот на Слоновата Коска за 70 проценти до 2020 година.

Следењето на потеклото на зрната какао е исклучително тешко, делумно затоа што кооперантите редовно купуваат од одгледувачи кои не се членови.

Нестле соопшти дека сака да го купи целото свое какао преку синџир на снабдување со целосно следење, директно набавен до 2025 година.

Сепак, само 51 процент од какаото што го користеше во 2021 година беше директно набавено и може да се следи.https://telma.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close