ВестиМакедонијаТоп вести
Невреме во Долненско го уништи тутуновиот расад
Невремето што доцна попладнето ги зафати вчера атарите на селата Заполжани, Сенокос, Ново Селани, Десово и Маморани уништи над 30 отсто од земјоделски површини засадени со тутун и посеани со јачмен и жито.
Мештаните велат дека ветерот и градот за половина час остави пустош зад себе.
100 посто е уништен расадот за тутун, а само во Заполжани од 250 хектари каде годишно се произведуваат над 220 тони тутун штетите се над 40 отсто. Дел од земјоделците за време на невремето биле на своите ниви.
Локалните власти во општина Долнени велат дека допрва комисии треба да излезат на терен да ги утврдат пријавените штети, а потоа ќе се прави проценка.
Покрај штетите сериозен проблем е за тутунопроизводителите во овој дел од Пелагонија е недостиг од расад за производство на тутун.
Извор:Канал5