fbpx
Вести

Незадоволните земјоделци го блокираа градот Ван во Бретања

Мобилизацијата не стивнува кај француските земјоделци, иако претседателот Франсоа Оланд вети намалување на нивните задолжителни давачки, јави дописникот на МИА од Париз.

На повик на синдикатот ФДСА од Морбиан, земјоделците започнаа со блокирање на градот Ван во Бретања – Западна Франција, предвидувајќи блокaдата да трае во текот на целиот ден.

nezadovolnite zemjodelci go blokiraa gradot van vo bretanja

 

Од рано наутро земјоделците започнаа со истурање на различен отпад и арско ѓубриво на повеќе места. Според весникот „Уест Франс“, на движењето на земјоделците предвидено е да им се приклучат и други професии.

Шефот на француската држава вети дека работите „ќе мрднат“, Париз сака да најде сојузници кај своите европски партнери за да Европските министри за земјоделство на состанокот во Брисел се приклучат на неговите предлози, дадени на почетокот на месецов.

Меѓу мерките кои се предлагаат од страна на Франција, се бара реакција од ЕУ наспроти руското ембарго, кое придонесе за падот на цените, потоа етикетирањето на трансформираните земјоделски производи, едно од главните барања на француските земјоделци. Но според францускиот министер за земјоделство Стефан Ле Фол, за да се донесе или измени една европска директива потребни се меѓу една и една и пол година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close