fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Николовски денеска во посета на битолско Егри-успешно завршена консолидација на земјоделско земјиште

Преку проектот на МЗШВ што започна во март 2017 година со поддршка од Европската Унија и ФАО се заврши изградбата на 8.4 км нови канали за одводнување, 3 км нов систем за наводнување и 11 км нови тампонирани патишта во консолидационото подрачје.

После 30 години, според Food and Agriculture Organization of the United Nations (FAO) сме лидери во регионот за консолидација.
Денеска сум во село Егри Битолско, лично да се уверам во првиот успешно завршен проект за консолидација во државата.
Преку проектот на МЗШВ што започна во март 2017 година со поддршка од Европската Унија и ФАО се заврши изградбата на 8.4 км нови канали за одводнување, 3 км нов систем за наводнување и 11 км нови тампонирани патишта во консолидационото подрачје.
Со консолидацијата во Егри бројот на парцели се намали за четири пати од 874 на 260, а вкупно 214 сопственици на парцели сега имаат правилни форми што им овозможува подобри земјоделски практики.
Продолжуваме со работа и носење на планови за окрупнување и изградба на инфраструктура во нови 9 македонски региони.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close