fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Николовски е во Белград на разговари за житото

На Македонија пред жетвата ќе и бидат потребни околу 50.000 тони пченица.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски, како што најави, денеска во Белград ќе разговара со својот српски колега за испорака на жито од Србија. Николовски изјави дека од средбата со српскиот министер за земјоделство Бранислав Недимовиќ очекува Србија уште еднаш да потврди дека во  Македонија ќе ги испорача потребните количини пченица и пченка за мелничарската индустрија. На Македонија пред жетвата ќе и бидат потребни околу 50.000 тони пченица.

„Се надевам дека ќе се договориме за динамиката на испорака на потребните количини жито. Верувам дека српската страна ќе ја потврди поддршката и солидарноста. Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди, а јас разговарав и со министерот Недимовиќ.Верувам дека се ќе оди во насока да се олесни обезбедувањето на количините што ни се потребни до жетвата“, рече Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close