Вести
Николовски им вети решение на мелничарите
Мелничарите и производителите на жито бараат од Владата да се вклучи во надмиување на проблемите со лошиот квалитет и намалениот род на лебно зрно. На денешната средба министерот за земјоделство Љупчо Николовски им ветил дека уште на наредната владина седница дека ќе се разгледаат барањата и дека ќе се најдат решенија за стабилизирање на пазарот.
Годинава со пченица се засеани околу 77.000 хектари. До средината на месецов ожнеани се 60 отсто од површините, а годинава има просечни приноси од 2.300 килограми жито од хектар. Годишните потреби на Македонија се околу 300 илјади тони, а поради намалениот род, годинава во земјава ќе има недостиг од околу 110.000 тони на пченица која се очекува да се обезбеди преку увоз.