Николовски: Исплатени 25 милиони евра субвенции за тутун
Интегрална изјава на Љупчо Николовски, министер за земјоделство шумартсво и водостопанство:
Уште од првиот ден од доаѓањето во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, работиме на деблокирање на исплатата на субвенциите за тутунот, пари кои тутунопроизводителите ги чекаат долго време. По речиси еден месец, успеавме да ги отстраниме сите пречки за исплата на субвенциите за тутунот. Со задоволство, Ве известувам дека од денеска почнува исплатата на субвенциите за производитлите на тутун. Во Министерството за финансии се пристигнати сите налози за исплата на субвенциите за тутунот во износ од речиси 1.5 милијарди денари или близу 25 милиони евра, со што комплетно ќе бидат исплатени сите тутунопроизводители. Земјоделците денеска во попладневните часови и утре во текот на целиот ден ќе можат да си ги подигнат парите од банките. Изминативе недели направивме напори за да се деблокира исплатата и да се отстранат сите пречки. Само накусо ќе напоменат што се преземавме за да почне исплатата на субвенциите за тутунот.
1. Го променивме Законот за земјоделство и рурален развој, со што се оддложи важноста на условите за подмирени обврски кон Управата за јавни приходи.
2. Вработените во подрачните единици на министерството ги задолжив да ги внесуваат податоците од подружниците на АД Водостопанство, со цел земјоделците кои ги подмириле обврските за водарина по 15 јануари годинава, да бидат внесени како водокорисници кои не должат по основ на договор за водарина.
3. Од секторот земјишна политика се ажурираше базата на податоци, со цел на земјоделците кои должат за неплатена концесија на државното земјоделско земјиште преку пат на пребивање да може да им се исплатат субвенциите за тутун.
4. Дополнително се ажурираше и базата во делот за Јапонската помош, што исто така беше еден од предусловите за да може да се исплатат субвенците.
Како Влада и понатаму ќе работиме во интерес на сите земјоделците и ќе бидеме отворени за решавање на сите проблеми во земјоделство. Приоритет на новата реформска Влада е зголемување на земјоделските површини, приносите и квалитетот на земјоделските производи, што ќе доведе до поголеми приходи во сите семејства кои се занимаваат со земјоделство.