fbpx
Вести

Николовски на Годишен состанок со министрите за земјоделство од ЈИЕ

– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, од денес, во следните два дена во Јахорина, Босна и Херцеговина, ќе учествува на Единаесеттиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа.

Годинава состанокот е во организација на Владата на Босна и Херцеговина, како земја претседавач со Постојаната работна група за регионален рурален развој во земјите од Југоисточна Европа–SWG.

Како што информираат од МЗШВ, министрите за земјоделство од ЈИЕ и шефовите на делегациите ќе се соберат во Јахорина за да разговараат за иднината во секторите за земјоделство и рурален развој во регионот на ЈИЕ и да го елаборираат процесот на регионална соработка во тие области.

Во рамки на министерскиот состанок во Јахорина, ќе се разговара и за значењето на процесот на интеграција во Европската унија на земјите од Западен Балкан, како фактор на напредокот во земјоделството и руралниот развој.

Министерот Николовски на состанокот ќе ги презентира стратешките цели на Владата во областа на земјоделството и руралниот развој, како и состојбата со искористувањето на финансиските средства од ИПАРД Програмата.

Следната година претседавач со Постојаната работна група за регионален рурален развој во земјите од Југоисточна Европа ќе биде Македонија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close