fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

До крајот на август се очекува да биде објавен првиот повик од ИПАРД 3

Со него ќе бидат опфатени мерките 1 и 7, за инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства, како и за инвестиции во рурален туризам, диверзификација на фарми и поддршка на микро бизниси.

Првиот повик од Програмата ИПАРД 3 се очекува да биде објавен до крајот на август. Со него ќе бидат опфатени мерките 1 и 7, за инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства, како и за инвестиции во рурален туризам, диверзификација на фарми и поддршка на микро бизниси.

Повикот ќе „тежи“ над 20 милиони евра и ќе трае 45 дена, со продолжување од две недели.

Заедно со последниот ИПАРД 2 повик проектиран на 8,8 милиони евра, што беше објавен на 4 август, на располагање во земјоделството ќе бидат ставени околу 30 милиони евра само преку ИПАРД.

-Први го почнуваме ИПАРД 3, пред која било земја во регионот. Сите одобренија за Северна Македонија за старт на ИПАРД 3 се завршени. Минатиот петок стигна одлуката од Брисел за скратена постапка за акредитација на мерките 1, 3, 7 и 9. Практично, за сите постојни мерки од ИПАРД 2 добивме реакредитација. Тоа значи дека веќе влегуваме во процесот, поради што очекувам првиот повик од ИПАРД 3 да биде до крајот на август, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Според него, деновиве се очекува да биде потпишана и финансиската спогодба која ги распределува вкупните средства по мерки и години.

Вкупниот кофинансирачки дел на ИПАРД 3 ќе биде 120 милиони евра од кои 97 милиони евра се неповратни средства од ЕУ.

Aко ИПАРД 3 заврши успешно, како што напоменува Николовски, тоа ќе значи 250 милиони евра инвестиции во агро секторот.

ИПАРД 3 Програмата е 62 отсто финансиски „потешка“ од ИПАРД 2. Во неа, новина е тоа што се oвозможуваат авансни исплaти до 50 отсtо од висината на поддршката, веднаш по потпишување на договорот за инвестиција. Тоа зна;и, на пример, дека ако се конкурира со проект вреден 100 000 евра за мерка каде повратот на средствата е 60 проценти, апликантот преку авансното финансирање со склучување на ИПАРД договорот ќе добие 50 отсти од средствата или 30 000 евра однапред. Се воведува и нов начин во обезбедувањето на потребната документација. Ќе се користат електронски системи за документи од Централен регистар или за одобренија за градба, со што ќе се поедностави, олесни и забрза процесот, а ќе се намалат и трошоците на корисниците.

Досега, просечната вредност на инвестициите во мерката 1 беше 17 000 евра, во мерката 7 вкупно 168 000 евра, додека во мерката 3 каде аплицираат сите извозно ориентирани компании е 246 000 евра.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close