fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Николовски потпишал нови 900 договори за закуп на земјоделско земјиште за површини во 20 општини

Ја продолжуваме праксата започната во 2017 год. на неселективна распределба на земјата кај вистинските земјоделци.

Денес потпишав нови 900 договори за закуп на земјоделско земјиште за површини во 20 општини.
Договорите на апликантите ќе им ги дадеме на терен, за да ги слушнеме нивните предлози и идеи.
Ја продолжуваме праксата започната во 2017 год. на неселективна распределба на земјата кај вистинските земјоделци.
Од 2017 до 2019 год:
📌се склучија 700 договори за закуп,
📌после 5 години се додели земјиштето од Џумајлија,
📌се доделија нови 4.000 хектари земјиште,
📌се склучија 35 договори односно 124 хектари за производство на добиточна храна,
📌за прв пат се објави инвестициски оглас и се потпишаа 17 договори за изградба на винарници, кланици, млинови, оранжерии и откупни центри, со вкупна инвестиција од 11 милиони евра,
📌се склучија договори за купување на земјоделско земјиште под оранжерија,
📌младите земјоделци до 40 години се ослободија од плаќање закупнина во првите 3 години
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close