Николовски: Во еден повик за ИПАРД во 2018 склучени се 937 договори
Во 2018 во еден повик за ИПАРД програмата имаме склучено 937 договори со вредност од 18 милиони евра .
Тоа е повеќе од вкупно објавените 12 огласи во претходните девет години, чија вредност е 16 милиони евра, изјави министерот стот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Тој одговарајќи на прашање од пратеничката Павлинче Честојнова од ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека ова е значаен успех на телото во самото Министерство одговорно за менаџирање на ИПАРД структурата и на Платежната агенција која ги обработува и склулува договорите во делот на искористување на европските фондови во земјоделството. Проблемот со одбиените апликации на како што рече, вкупно 17 земјоделци, настанал поради тоа што повикот за ИПАРД во април 2017 бил објавен со низа неусогласености во однос на секторската програма склучена со ЕУ.
-Во моментов има распишано уште два огласа за две нови мерки, преку кои земјоделците имаат на располагање близу 30 милиони евра, а рокот е до 9 февруари. Едниот е за земјоделска механизација а другиот за преработувачките капацитети. Проблемот настана со мал број апликанти како резултат на грешките од повикот од април 2017. Станува збор за 17 земјоделци на кои им се издадени решенија за одбивање. Како резултат на состаноците со Платежната агенција, со соведоавните служби и подрачните единици започната е постапка и овој проблем е решен и нема да има ниту еден земјоделц кој ќе треба да враќа средства по однос на овој настанат проблем, рече Николовски посочувајќи дека во завршна фаза е процесуирањето на новите решенија.
Инаку, најголем дел од склучените близу 940 договори, како што посочи, веќе се влезени во фаза на реализација.
За Честојнова, пробламетично е и што во вчера објавениот јавен повик не се предвидуваат средства за набавка на трактори, туку само за приклучна механизација.
Во однос на прашањето на Честојнова за намалениот број тимови во службата за итна помош во Здравествениот дом Неготино, министерот Венко Филипче рече дека тоа е резултат на интересот на младите лекари за пријавување на конкурсите за специјализации. Проблемот се надминува со вклучување на дел од матичните лекари кои имаат склучено договори со ФЗОМ за ноќни дежурства, како и со вклучување тимови од Здравствениот дом во Кавадарци од јануари месец, следната година. Дополнително че бидат објавени и нови огласи за вработување во јавно здравствените установи.
Честојнова изрази незадоволство од одговорот на Филипче и обвини меѓудругото за лошо менаџирање на Здравствениот дом во Неготино и вработувања по партиска основа.