вести

Николовски: Со колективниот договор повисоки плати, МЗШВ работи на зајакнување на Шумската полиција

(Oвој напис е објавен на: март 2, 2018)

nikolovski

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска одржа работен состанок со овластените службени лица од Шумската полиција. Целта на состанокот беше да се разгледаат  проблемите со кои се соочува Шумската полиција, а воедно министерот Николовски, ги информираше присутните за Информацијата за потпишување на Колективен договор, која што деновиве беше усвоена од страна на Владата.

 

Со овој колективен договор овластените службени  лица од Шумската полиција  ќе се стекнат со право на работа во смени, ноќна работа и државни празници, додаток за опасна работа, како и отпочнување на постапка за стекнување право на бенефициран стаж. Односно, вработените во Шумската полиција ќе добијат 30 отсто повисока плата, во која што е пресметано  работата во смени, ноќната работа, државни празници и додатокот за опасна работа. Зголемувањето на платите ќе се имплементира во текот на оваа година, со ребалансот на Буџетот.

 

Зголемувањето на платите ќе се имплементира во текот на оваа година, со ребалансот на Буџетот. Министерот Николовски ги информираше вработените во Шумската полиција дека Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство е во преговори со амбасадата на Турција за набавка на униформи и со мисијата на ОБСЕ во земјава за подобрување на статусот на вработените во Шумската полиција. Дополнително, секоја шумска полициска станица ќе биде опремена со компјутери од страна на МЗШВ. Целта е да се зајакне оваа организациона единица која функционира во состав на МЗШВ, и ефикасно да функционира, затоа што работата на Шумската полиција е важна е заради спроведување на контролите со дивата сеча во шумите и крајно заради зачувување на природните ресурси.

 


 

мзшв.гов.мк

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close