Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Нивото на Пчиња скоро двојно под просекот
Според податоците на мерната станица поставена во атарот на селото Пелинце, утринава во 07:30 часот нивото на реката Пчиња изнесувало 38 сантиметри, што е скоро двојно помалку од просекот за месец мај кој изнесува 62 сантиметри.
Нивото на реката Пчиња е двојно под просекот за месец мај, покажуваат последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи направени рано утринава.
Според податоците на мерната станица поставена во атарот на селото Пелинце, утринава во 07:30 часот нивото на реката Пчиња изнесувало 38 сантиметри, што е скоро двојно помалку од просекот за месец мај кој изнесува 62 сантиметри.
Според статистиката на УХМР, водостојот е во постојано опаѓање. Највисок во текот на изминатата недела бил на 19ти месецов, кога изнесувал 41 сантиметар.https://kumanovskimuabeti.mk/nivoto-na-pchinja-skoro-dvojno-pod-prosekot/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=nivoto-na-pchinja-skoro-dvojno-pod-prosekot