fbpx
Вести

НОВ ПРОИЗВОД на СН Осигурителен Брокер Битола ИНДЕКСИРАНО ОСИГУРУВАЊЕ на остварени приноси од плодови

Осигурувањето претставува ветување за идно плаќање, што како последица бара висока доверба кај осигурениците. Осигурувањето поради оваа своја функција мора да биде првенствено ориентирано кон стабилност, која пак претставува закана за воведување на иновации во осигурувањето.

 

Следна закана за осигурителниот сектор е и евидентноста на климатските промени. Таа пред осигурителните и реосигурителни компании поставува предизвик за идентификација на потенцијалните краткорочни и долгорочни ефекти од тие промени врз нивните деловни и финансиски резултати и потреба за изнаоѓање на мерки за нивно минимизирање.

Веројатноста дека ќе се појави и колкав ќе биде интензитетот на штетните последици е од клучно значење за осигурителните и реосигурителни компании. Сепак, природата на климатскиот систем е комплексна и хаотична. Механизмите на повратните информации помеѓу различните климатски процеси го прават овој систем нелинеарен.

Дотолку повеќе, имајќи во предвид дека осигурителните компании се историски фокусирани на штетните настани со локален интензитет за кои постои релевантно историско искуство, соодветната проценка на веројатноста за настанувањето и процена на интензитетот на штетните ефекти е значаен предизвик за нив.

Така, одговорноста на осигурителните и реосигурителните компании станува двојна, бидејќи, од една страна, треба да се подготват за негативните ефекти кои климатските промени можат да ги предизвикаат врз нивните клиенти, а од друга страна, тие во голема мера можат да придонесат за минимизирање на ризикот на кој се изложени поединци и бизниси, преку обезбедување соодветни решенија за покривање на овој ризик.

Во таа смисла и проблемот со глобалното затоплување, исто така, од аспект на пазарот на осигурување и реосигурување може да се набљудува двострано, како извор на нови ризици, кои се закануваат да обезбедат континуитет на работењето, но и како извор на нови можности, што може да резултира со висок економски раст и бенефиции ако се преземат соодветни-вистински мерки.

 

НО, прифаќањето на предизвиците и иновациите со стремеж кон уште поголема стабилност од веќе постојната е движечка сила на СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР БИТОЛА.

Токму, новиот предлог модел на индексирано осигурување на остварените приноси од посеви е земјоделско осигурување кое нуди заштита од сите климатски, природни и биолошки опасности кои би можеле да влијаат на намалување на приносите кај земјоделските стопанства и е НОВИОТ ПРОИЗВОД КОЈ ГО ПРИФАЌА СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР БИТОЛА .

 

Осигурениот принос би се пресметувал како % од очекуваниот принос од осигурениот посев во индексираната општина. Култури кои би ги покривало индексираното осигурување се: пченица, јачмен, пченка, грозје и сончоглед.

Фазата на ПРОЦЕНКА ќе биде првенствена грижа и обврска на Државниот Завод за Статистика да обезбеди и достави до Европа РЕ проценка за вистинскиот просечен принос во индексираните општини до 31-ви Декември во календарската година.  Потоа, Европа РЕ претходните податоци ќе ги доставува до Осигурителот/Брокерот во индексираната општина во рок од 48 часа од нивното добивање, а истите ќе бидат објавувани и на страната на Државниот Завод за Статистика.

 

*Индексираното осигурување е инструмент развиен за справување со катастрофални ризици во југоисточна Европа, поддржан од Европа Ре, прифатен од СН Осигурителен Брокер Битола и партнерите.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close