fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Нов скип за сопствени потреби набави Општина Новаци

Набавката на градежната механизација  дојде како резултат на директните барања на граѓаните со цел подобрување на  квалитетот  на комуналните услуги и соодветно да се одговори на потребите на локалното население.

Општина Новаци успешно го заврши вториот проект за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој -Светска Банка, за набавка на градежна механизација и тоа скип (комбинирана машина ровокопач) МСТ М642 Плус и хидраулична надградба плуг за снег 2,5м, камион кипер и камион цистерна.

-Денес конечно е реализирана набавката и од страна на избраните добавувачи е испорачана дел од механизацијата и тоа скип МСТ М642 и хидраулична надградба плуг за снег 2,5м.Остануваат  за испорака камион кипер и камион цистерна во наредниот период, велат од Општина Новаци.

Вкупната финансиска конструкција изнесува  околу 300000 евра.

По спроведена постапка за јавни набавки согласно правилата  на Светска банка  и процедурите кои таа ги налага  преку Министерството за финансии избрани се тројца понудувачи  за трите дела и тоа –За Лот 1(камион цистерна)-Каргомакс ДООЕЛ Миладиновци,Илинден-За Лот 2(скип-ровокопач/натоварувач со плуг за чистење на снег –Евро Стил ДОО Битола, и за ЛОТ 3(камион кипер)-Синпекс ДОО Битола.

Станува збор за набавка на сопствена градежна механизација (камион-цистерна, скип(ровокопач-натоварувач со плуг за чистење на снег) и камион кипер).

-Договорите се потпишани  се чека испораката на преостанатите машини во утврдениот рок кои Општината ќе ги користи повеќенаменски и тоа за зимско одржување на локалните улици и патишта во рамки на зимската служба, во склоп на комуналното претпријатие, чистење на диви депонии, пренесување на градежни материјали по населени места, за потребите на месните заедници и за било какви градежни интервенции во општината. Со набавката на градежната механизација, повеќе нема да се објавува тендер за зимско одржување на локални патишта и улици,тендер за чистење на дивите депонии како и  тендер за ангажирање на градежна механизација со што  би се овозможило поврат на инвестицијата, рече градоначалникот Љубе Кузманоски.

Општината на јавна расправа одлучуваше за намерата на локалната самоуправа долгорочно да се задолжи. Јавната расправа се одржа во општинската сала на која присуствуваа претставници од локалната самоуправа, месните заедници, невладини организации и градоначалникот на општина Новаци, Кузманоски. Претставниците од месните заедници едногласно го прифатија  ваквиот предлог и дадоа поддршка за набавка на градежната  механизација.

Проектот за подобрување на општинските услуги ја има токму таа цел-преку заеми, но и грант средства да стимулира вложување во капитални проекти, кои ќе ги подобрат условите за живот во сите општини во земјава.

Слични написи

Back to top button
Close