Нов Зеланд разгледува иницијатива за забрана за пушење за родените после 2004 година
Нов Зеланд разгледува серија мерки насочени кон забрана за пушење, вклучително и радикална иницијатива со која ќе се забрани продажба на тутун на цела генерација, пишува денеска Вечерњи лист.
– Нов Зеланд разгледува серија мерки насочени кон забрана за пушење, вклучително и радикална иницијатива со која ќе се забрани продажба на тутун на цела генерација, пишува денеска Вечерњи лист.
Со новиот национален акциски план, Нов Зеланд сака постепено да ги зголемува законските старосни граници за пушење, што може да се прошири до забрана за продажба на цигари и производи од тутун на сите родени по 2004 година, што би го направило пушењето нелегално за таа генерација .
Поддржувачите на иницијативата бараат значително намалување на нивото на никотин дозволено во тутунските производи и ограничување на локациите на кои тие можат да се продаваат. Владата, исто така, ќе пропише минимална цена на тутунот и цигарите. Мерките имаат за цел да ја отстранат употребата на тутун во земјата, претворајќи го Нов Зеланд во „зона ослободена од пушење“ до 2025 година. Министерството за здравство на Нов Зеланд објасни дека и покрај тоа што стапката на пушење паднала во последните неколку децении, останува уште многу да се направи за да се намали употребата на тутун, „особено меѓу Маорите, пацифичките народи и оние кои живеат во нашите најмалку развиени заедници“.
Новозеланѓаните се поканети да дадат повратни информации за акциониот план објавен вчера. Граѓаните ќе можат да ги споделат своите размислувања за ова прашање до 31 мај пред да влезат во следната фаза на правната постапка.