вестиТоп вести

Нова мерка за субвенционирање на земјоделството

Нова мерка за субвенционирање на земјоделството. Од оваа година тие што ќе ги заменат ниско профитните житни и индустриски култури со градинарски или лозови и овошни насади ќе можат да добиваат 30 проценти повисоки субвенции.

nova merka za subvencioniranje na zemjodelstvoto

 

Дополнителни 30 проценти ќе добиваат земјоделците кои ќе решат да направат замена на непрофитабилното производство со промена на насадите.

Промената треба постепено да овозможи групирање на производство и пренамена на дел од земјоделските површини со култури кои имаат најдобри предности за соодветниот регион.

Дополнителна финансиска поддршка ќе се обезбеди за првите пет години од промената во друг тип на производство на подигнатите повеќегодишни, градинарски или индустриски култури.

Зголемената поддршка можат да ја добијат оние земјоделци кои претходно најмалку 3 години земале субвенции за полјоделски култури.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close