вести

Новата даночна реформа донесе многу нејаснотии за земјоделците

Новата даночна реформа која се однесува на плаќањето на даноците на земјоделците донесе бројни компликации и нејаснотии.

Земјоделците се жалат дека со нивите измени плаќањето на даноците кон државата се усложнило, за дел од земјоделците в село се бара преку компјутер да се регистрираат во УЈП и секој месец да поднесуваат пресметки и да вршат уплати на данок за да не бидат казнети.

Земјоделскиот синдикат даночната реформа ја оцени како несоодветна

Според земјоделскиот синдикат проблеми има и со решенија од УЈП кои стасуваат на адреса на земјоделците за период од 2014 до 2016 година за оданочување на суми кои се под 300 илјади денари а кои според тогашните закони треба да биде ослободен од плаќање даноци

Инаку со новите законски измени кои се на сила од почетокот на годинава УЈП со реформата предвиде земјоделците да се поделат во 4 категории. Првите се самостојни вршители на дејност кои водат деловни книги и кои до 15 март 2019 година поднесуваат даночен биланс. Втората категорија се земјоделци кои продаваат производи кај откупувачи на кои данок при исплата им го задржува откупувачот и тој го уплаќа во УЈП место нив. Трета категорија се земјоделци кои продаваат на тезги на зелените пазари за кои пресметките колку данок треба да платат УЈП ги врши врз основа на податоците од пазарот и во однос на слични даночни обврзници. Овие земјоделци на почетокот на годината добиваат уплатници и секој месец треба во банка да го плаќаат пресметаниот данок. И четврта категорија според УЈП за оданочување се земјоделци кои продаваат директно на потрошувачи кои треба самите да се регистрираат на сајтот на УЈП и секој месец до десетти да поднесуваат пресметка и до 15 ти да уплатат данок за тој месец. Според УЈП со новата даночна реформа земјоделците како поволност добиваат поврат на данокот.

Сите земјоделци кои ќе остварат приходи над еден милион денари односно над 16 илјади евра во текот на годината од следната година ќе треба да се регистрираат по некоја од категориите според законот за трговски друштва.


 

kanal5

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close