вести

Нови критериуми за субвенционирање на житните култури

zitni kulturi

Годинава има нови критериуми за субвенционирање на житните култури. Во 2017-та земјоделците кои ќе употребуваат сертифицирано семе ќе добијат по 12.000 денари, а другите кои ќе сеат со обично семе двојно помалку или субвенции од само 6.000 денари за хектар.

Производителите на пченица, житни и индустриски култури доколку употребиле сертифициран семенски материјал ќе добијат иста субвенција како лани од 12.000 денари за хектар.

За другите, субвенцијата ќе изнесува двојно помалку односно 6.000 или 1.000 денари помалку од минатата година. Финансиската поддршка исто така ќе се намалува процентуално во зависност од големината на засеаните површини.

За површина ќе се добиваат и дополнителни 4.800 денари за нивите со големина од 10 до 50 хектари.

За оваа дополнителна субвенција исто така е услов да се употреби сетрифициран семенски материјал и да се добијат просечни приноси повеќе од 4.000 килограми за пченица, 3.000 за јачмен или 1.800 килограми по хектар за сончоглед.


 

мрт

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close