fbpx
Вести

Нови седум хектари за плацови за бизнис во зоната „Славеј”

Се проширува индустриската зона „Славеј“ во општината Кривогаштани од 6 на 13 хектари, поради растот на интересот на домашни и странски инвеститори.

– Се подготвува урбанистичката документација за нови седум хектари земјиште за идните вложувачи вели градоначалникот Тони Заткоски.

novi sedum hektari za placovi za bizniz vo zonata slavej

 

Досега две домашни компании купиле 11 парцели. На три, фирмата „Кривогаштани промет“ веќе го развива откупот и преработката на земјоделски производи. Претпријатието „Стефан” купи осум парцели за капацитет за преработка на замрзнат зеленчук. Градежните работи се очекува да почнат со подобрување на временските состојби.

Во тек се уште две инвестиции.

– Едната е Браунфилд на Цветко Петрески, иселеник во Америка, кој го купи старото училиште во селото Славеј за да отвори фабрика за конзервиран зеленчук и овошје. Инвестицијата е милион долари. Втората е кај селото Врбјани на фирмата „Чико лукс“ во вредност од 200 илјади евра и се гради погон за кори и други тестенини, а во него ќе се вработат од 20 до 50 работници, објаснува Заткоски.

Тој додава дека веќе заврши огласот на Министерството за земјоделство за концесионирање на 550 хектари земјиште кај селото Славеј.

– Инвеститор од Турција се токми на земјиштето да произведува пченка и масло од пченка. Втор инвеститор од Дубаи мерка земја за градба на голема добиточна фарма и кланица открива Заткоски.

Инвестициите во голема мерка ќе го амортизираат отежнатиот пласман на пиперките и ќе го поттикнат производството.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close