fbpx
Двор и градинаЕкологијаМакедонија

Направете сами новогодишни украси со тегли

Ако не сте сигурни какви украси сакате, но спремни сте да бидете ‘сам свој мајстор’, инспирација може да пронајдете во продолжение.

Многумина веќе со недели уживаат во празничното украсување на домот, а има и такви кои ќе започнат да го украсуваат просторот за живеење во наредните денови.

Ако не сте сигурни какви украси сакате, но спремни сте да бидете ‘сам свој мајстор’, инспирација може да пронајдете во продолжение.

За убави украси всушност не ви треба ниту многу време ниту материјал. Доволно ви е малку фантазија, а поголем дел од потребниот материјал често го имаме во домот.

Така многу ефектни украси може да направите со помош на стари тегли. Речиси и да нема кујна во која нема некоја тегла од ајвар или зимница.

Земете тегла со посакуваната големина, за почеток во неа ставете неколку големи лажици сол или ситно издробен стиропор за да добиете снежна подлога за прекрасен украс.

Потоа внатре ставете некоја фигура по ваш избор. Класичен избор би била фигура од мала срна, елен, Дедо Мраз, но слободо користете било каква фигура која ви е достапна. Затворете ја теглата, по желба дополително украсете ја со лента или парче од стар гоблен.

Теглите едноставно можете да ги наполните и со стари топчиња. Еднобоен или шарен аранжман со монистри во различни бои е навистина ефектна декорација, а толку едноставна за правење.

https://studenti.mk/napravete-sami-novogodishni-ukrasi-so-tegli/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close