Објавен оглас за закуп на државно земјоделско земјиште до три хектари

(Oвој напис е објавен на: February 25, 2017)
Во пет општини е објавен оглас за закуп на нови 1.100 хектари државни земјоделски површини, понудените парцели не се поголеми од три хектара, а предност за закуп има населението во близина на земјиштето, односно земјоделците кои ќе произведуваат едногодишни и повеќегодишни култури.
objaven oglas za zakup na drzhavno zemjodelsko zemjishte do tri hektari

Вкупно на огласот се понудени скоро 1.150 хектари во Свети Николе, Велес, Прилеп, Пробиштип и во Радовиш.

Нивите можат да се користат за одгледување на едногодишни и повеќегодишни култури, за лешници и за рибници, за период од 15 години до 70 години.

Изборот на најповолен понудувач се врши врз основа на највисока понудена годишна закупнина по хектар, а предност, односно најголем број бодови, ќе има населението во близината на земјиштето.

Почетната цена на закупот за хектар се утврдува во зависност од местоположбата и катастарската класа. Понудите се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас.

Share Button