fbpx
Агро бизнисТоп вести

Обврзниците на СН Осигурителен брокер исклучени од Берзата

Тоа се хартиите од вредност со шифра SNBTO.

На Македонска берза повеќе не може да се тргува со обврзниците издадени од битолскиот СН Осигурителен брокер, кое е во стечај. Тоа се хартиите од вредност со шифра SNBTO. Одлуката за исклучување вчера е донесена од Одборот на директори на Македонската берза.

„Воедно, поради исклучувањето од котација на обврзниците издадени од СН Осигурителен брокер АД Битола, друштвото ќе биде избришано и од ‘Листата за набљудување’ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација“, информираа од Берзата.

СН Осигурителен Брокер оди во стечај. Основниот суд во Битола, по рочиштето за испитување на условите, ги усвои предлозите на четворицата доверители, споени во еден, за отоврање стечајна постапка. За стечаен управник е определен Стечај Плус ТП Битола, а Даниела Блажевска е назначена за овластен стечаен управник.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close