Од 2 до 4 ноември ФАО ќе одржи виртуелна тркалезна маса за одржливи системи за храна
Во пресрет на Самитот на ООН за системи за храна 2021 година, Регионалната конференција на ФАО за Европа својата 32 сесија ќе ја одржи виртуелно од 2 до 4 ноември. Фокусот ќе биде ставен на одржливи системи за храна и здрава исхрана во Европа и Централна Азија. Дебатата на тркалезната маса ќе го разгледа статусот на исхрана и одржливите системи за храна, идентификувајќи ги меѓусебните врски, поврзаните предизвици и можностите во регионот.
Друга клучна тема за дискусија на првиот ден од Конференцијата ќе биде младите, вработувањето на младите и развојот на руралните области во контекст на Декадата на ОН за семејно земјоделство (United Nations Decade of Family Farming). Дискусијата ќе претстави анализа на ситуацијата на малите земјоделски стопанства, семејните фарми и младите во земјоделството, вклучително и преглед на стратегиите што можат да ги ревитализираат руралните области во регионот на Европа и Централна Азија.
Конференцијата ќе ги презентира приоритетите на ФАО во регионот, кои се обликувани во контекст на кризата КОВИД-19.
Конференцијата ќе ги презентира приоритетите на ФАО во регионот, кои се обликувани во контекст на кризата КОВИД-19.
Како што информираат од канцеларијата на ФАО на настанот ќе земат учество:
Чу Донгју, Генерален директор на ФАО; Владимир Рахманин, Помошник-генерален директор на ФАО, Регионален претставник за Европа и Централна Азија; Набил Ганги, Заменик-регионален претставник на ФАО, секретар на Регионалната конференција на ФАО за Европа; Jaмшид Kодјаев, министер за земјоделство на Узбекистан, Претседавач; Министри за земјоделство и претставници на високо ниво од над 40 земји, вклучително и од Република Северна Македонија и набљудувачи.