fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Од денес картички за зелена нафта за земјоделците од Тетово и Боговиње, а наредните денови за Кривогаштани, Прилеп, Крушево

Од 26 август сите земјоделци од Демир Хисар и Битола ќе може да ги подигнат картичките со кои ќе може да точат субвенционирано „еуро дизел гориво,“ истакна Бачовски.

Од денес картички за зелена нафта ќе може да подигнат и земјоделците од Тетово и Боговиње, а наредните денови картичките ќе бидат достапни и во Кривогаштани, Прилеп, Крушево.

Од 26 август сите земјоделци од Демир Хисар и Битола ќе може да ги подигнат картичките со кои ќе може да точат субвенционирано „еуро дизел гориво,“ истакна директорот на Платежната агенција Никица Бачовски.

Распределбата почнува од полјоделците кои штотуку ја завршија жетвата и од овогодинешната реколта и кога секој денар им е добредојден за да се подготват за есенска сеидба.

Корисниците на оваа мерката „зелена нафта“ пред да почнат со искористување на средствата откако ќе ја активираат картичката на најблиската бензинска потребно е да направат и споредба на сумата која им е на картичката со сумата која ја имаат во решението.

Како и минатите години и оваа важат истиот начин и принцип на користење на картичките. Крајниот рок за искористување на средствата кои се на располагање на „зелената картичка“ е до крај на април 2022 година.

Согласно изработената методологија, висината на поддршката по корисник е утврдена во зависност од големината на површините и типот на земјоделски култури кои што се одгледуваат. Вкупно за оваа мерка обезбедени се 200 милиони денари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close