Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Од денес намалување на горивата, бензините поевтинуваат за 2, дизелот за 3 денари
Од 18.03.2022 цените на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 79,50 денари/литар Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 81,50 денари/литар Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС 76,00 денари/литар
Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,31% во однос на претходната одлука од 16.03.2022.
Цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2 денари по литар додека пак цените на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 3 денари по литар.
Од 18.03.2022 цените на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 79,50 денари/литар
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 81,50 денари/литар
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС 76,00 денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 72,50 денари/литар
Мазут НС 54,521 денари/килограм.