fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Од денеска основните производи со помала маржа

Новата одлука за посебните услови за трговијата на одделни стоки, е објавена во Службен весник , со што стапува на сила.

Новата одлука за посебните услови за трговијата на одделни стоки, е објавена во Службен весник , со што стапува на сила. Со неа, се определува највисоката трговска (профитна) маржа како посебен услов во трговијата на: леб, масло за јадење, брашно од пченица, шеќер, кравјо млеко, свежо месо; сувомеснати производи, сирење, урда, македонски ориз, јајца и тестенини.

Највисоката трговска маржа за овие стоки ќе биде до 4% на продажната цена во трговијата на големо, односно до 3% на продажната цена во трговијата на мало. Производителите се опфатени во трговијата на големо. Во продажната цена се вклучени сите производствени и оперативни трошоци. Белиот леб, сончогледовото масло за јадење и пченичното брашно ќе се продаваат во трговијата на мало по набавна цена, без трговска (профитна) маржа. Ограничувањето на маржата на овие стоки ќе важи до 31 мај годинава.

Ценовниот шок владата ќе го ублажува со 400 милиони евра, пакетот содржи  28 антикризни мерки и препораки. Без ДДВ ќе се продаваат лебот, шеќерот, брашното, зејтинот, трајното млеко, свежото месо, оризот и јајцата, а останува и замрзната маржа за основните производи, освен за овошјето и зеленчукот. Се намалуваат и акцизите за горивата, но мерките на сила ќе стапат, откако ќе го поминат собранискиот филтер.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close