fbpx
Вести

Од идеја до фарма со јапонски потполошки: Запознајте го младиот агробизнисмен Гоце Трајковски

goce

Младиот Гоце Трајковски од битолско Драгожани е доказ дека кога нешто силно се посакува може и да се реализира. Неговата желба да има сопстевен бизнис се реализирала пред 5 години со отварањето  на фарма со јапонски потполошки.

goce1

Пред да започне со овој бизнис, многу читал, се интересирал за ова производство, истражувал на интернет вакви примери и видел дека може да биде успешен семеен бизнис.

Се е негово, од идејата па до изработката на сите елементи потребни во фармата да дојде до бројка од 14 500 јапонски потполошки. Самоук, учел на сопствените грешки, од искуството, а сам ги изарботил и инкубаторот како и кафезите за потполошките.

goce2

Пласманот на свежи јајца е обезбеден  но има и други идеи за финализирање на производот како и за искористеност на сите нус производи од јапонската потполошка, на пример изметот кој бил исклучително ценето и скапо ѓубриво.

Засега вели дека има поголема побарувачка од капацитетот на фармата и охрабрува и другите млади да почнат да се занимаат со овој агробизнис бидејќи има голема перспектива.


 

бриф.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close