fbpx
Вести

Од кал извлечени над 1.600 пцовисани животни

За пет до шест дена ќе се знае колкави штети на земјоделците им направи невремето од пред десет дена во Скопско. Од тињата и каналите веќе се вади пцовисаниот добиток, а специјална комисија од Министерството за земјоделство ги евидентира штетите на земјоделските култури.

od kal izvlecheni 1600 pcovisani zhivotni

 

Од Агенцијата за храна и ветеринарство вчера ни рекоа дека заклучно со 14 август од поплавените краишта се отстранети на 1.600 мртви животни.

“Извршено е извлекување, евидентирање и нештетно отстранување на 157 пцовисани овци и кози, 23 говеда, 15 свињи, 802 кокошки и 291 пиле, 15 мисирки, 320 гулаби, 5 мачки, 37 кучиња, 26 зајаци. Пронајдени се и 141 сандаци со пчели кои ги однела водата, како и 12 оштетени сандаци”, истакнуваат од АХВ.

Од Агенцијата објаснуваат дека без разлика на тоа дали станува збор за крупен, ситен добиток или за пцовисани домашни миленици, сите мртви животни се евидентираат, по што ги закопуваат на депонијата Дрисла.

„За да се елиминира ризикот од појава на болести кај добитокот во поплавените региони, активно се работи и на дислокација на живиот добиток и обезбедување на доволни количини безбедна храна и вода за нив. Се проверува и здравствената состојба на секое животно, која дополнително ќе биде проверена и по повлекувањето на водата. Добитокот ќе биде вратен во одгледувалиштата откако тие темелно ќе се исчистат, дератизираат и дезинфицираат”, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство, чиј стручен тим е на терен со четири екипи.

Од Комисијата за проценки од Министерството за земјоделство, која на терен е со осум екипи, се уште немаат првични податоци за тоа колкави се штетите на насадите, бидејќи нивите и стаклениците се во длабока кал.

“По цел ден сме на терен. Уништени се насади со зеленчук и со овошје, стакленици и полјоделски култури. Повеќе информации ќе имаме кон крајот на неделата”, ни рекоа вчера од Комисијата за проценки на Министерството за земјоделство.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close