вестиМакедонијаТоп вести

Од колено на колено, 300 години ковачи – Бајрам: Занаетот кон исчезнување, децата и внуците немаат интерес

Силната врева на чеканите кои го коваат металот се слуша и надвор. Ковачот Бајрам Казески, 71 годишен, почнува со работа во 7 наутро.

Го пали огнот и го подготвува теренот за работа вадејќи го материјалот за правење потковици. Мала работилница но голема врева од ковачот кој секој ден чека купувачи иако тие се многу малку. Овој занает кој ретко се наоѓа, Бајрам заедно со браќата го наследил од дедото и прадедото. Тој вели дека 300 години неговото семејство се занимава со овој занает во Кичево.

Ковачот и неговиот работник изработуваа челична шипка која беше вжештена и ја коваа за да и дадат форма. Работејќи, Бајрам ни раскажуваше и за минатите години кога оваа професија била многу барана.

По се изгледа ова се последни генерации бидејќи децата и внуците не се интересираат да го продолжат занаетот на родителите и дедовците. Бајрам последната надеж ја гледа во неговиот мајстор Дејан бидејќи како што вели, овој занает повторно ќе биде баран.

Во оваа работилница за која не знаеме уште колку ќе се одржи жива, имаше и други производи изработени рачно, како секири, потковици, срп итн.

Извор: ТВ21

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close