fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Од понеделник без ветеринарна инспекција на границите меѓу земјите од „Отворен Балкан“

Откако пратениците го поддржаа Договорот за соработка во ветеринарната, фитосанитарната област, како и областа за безбедност на храната, се поставува прашањето дали се исполнети сите услови за договорите од Тирана во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, да почнат да се применуваат од 3 јануари.

Министерот за земјоделство на Србија, Бранислав Недимовиќ за РТС изјави дека од понеделник започнува „Отворениот Балкан“ меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија, усогласени се сите лабораториски анализи, така што на границите нема фитосанитарна и ветеринарна инспекција и ништо нема да биде на штета на квалитетот на стоката, објави „Нова“.

Откако пратениците го поддржаа Договорот за соработка во ветеринарната, фитосанитарната област, како и областа за безбедност на храната, се поставува прашањето дали се исполнети сите услови за договорите од Тирана во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, да почнат да се применуваат од 3 јануари.

Министерот Недимовиќ гостувајќи во дневникот на РТС рече дека приказната за иницијативата „Отворен Балкан“ е договор за иднината и дека таа ги урива бариерите меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија.

– Од понеделник почнува „Отворен Балкан“, што практично значи дека ако храната тргнува од Северна Македонија, не мора да се контролира во Македонија, па во Србија. Ги усогласивме лабораториските анализи, за да нема фитосанитарни и ветеринарни инспекции на граничните стоки“, вели Недимовиќ.https://www.slobodenpecat.mk/od-ponedelnik-bez-veterinarna-inspekcija-na-granicite-megju-zemjite-od-otvoren-balkan/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close