Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Одгледувачите на овци реагираат се доцни со субвенциите, од Платежната велат краен рок е 30 јуни
Заради корона кризата годинава беше продолжен рокот за субвенционирање
Зелена берза побара одговор од Платежната агенција кога одгледувачите на овци ќе ги добијат субвенциите?
-Одгледувачите на овци јавно реагираат дека се доцни со исплата на субвенциите, лани им биле исплатени кон средината на февруари, кога ќе им бидат годинава исплатени?
Одговор-
Треба да се има предвид дека заради корона кризата годинава беше продолжен рокот за субвенционирање односно се даде уште еден дополнителен рок за пријавување со што автоматски се пролонгира и целиот процес и на обработка но и на исплата на субвенции во земјоделството. . Апликациите се работат,краен рок за исплата на субвенциите е 30 – ти јуни 2021 година.
А.Б