Неколку важни точки:
-
Новородените телиња чувајте ги на чисто, суво место одделно од другите крави.
-
Молзете ги кравите одма после отелувањето и хранете ги телињата со 1-1.5 л колострум одма после раѓањето.
-
Хранете ги со колку што можете повеќе колострум во првите 1-3 после раѓањето (3-4 пати дневно со 1-1.5 л) така да телињата добијат колку што може повеќе антибиотик.
-
Ако ги храните со кравјо млеко: хранете ги со максимум 4 литри млеко дневно за период од 2 месеци
Почнете да ги храните со концентрат од втората недела па натаму
Зголемвајте ја количината на концентрат пополека до 1 кг /дневно до одлачување
-
Ако ги храните со замена за млеко: хранете ги максимум со 5 литри дневно за период од 2 месеци.
Почнете да ги храните со концентрат од втората недела па натаму
Зголемете ја количината на концентрат пополека до 1 кг /дневно до одлачувањето.
-
Добро исчистете ги кофите за исхрана за да го избегнете проливот.
-
Квалитетно сено и чиста вода треба да бидат присутни од втората недела после раѓањето.
-
После одлачувањето: хранете ги со квалитетна храна (луцеркино сено и пченкина силажа) и зголемете го концентратот до 2 кг дневно на возраст од 3- 4 месеци.
-
Чувајте ги младите телиња (до 1 година) одделно од матичното стадо на место со добра вентилација.
Советник во АПРЗ Петар Трајковски