fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Според ЗК Пелагонија, пченицата треба да се откупува по 14,42 ден./кг.

При преработка на 1.000 тони пченица, се добиваат 300 тони сточно брашно, 330 тони брашно ТИП 500 и 370 тони брашно ТИП 400 и ако на тоа се додадат трошоци за преработка на пченица и тоа за електрична енергија, амбалажа, работна рака, како и остварување на добивка, пресметките покажуваат дека откупната цена пченицата треба да изнесува 14,42 ден./кг.

ЗК „Пелагонија“ реагира за најавите за откупната цена на пченицата од годинашната реколта.

„Во услови кога сточното брашно има цена од 12 денари за килограм, несватлива и нереална е најавата од млиновите во Македонија дека пченицата од годинешната реколта ќе ја откупуваат по цена од 9, 10 и 11 денари. Ваквата цена е нереално ниска и ќе доведе до колапс на домашниот сектор за производство на жито“, посочија од ЗП „Пелагонија“.

Од таму објаснуваат дека ако се знае дека при преработка на 1.000 тони пченица, се добиваат 300 тони сточно брашно, 330 тони брашно ТИП 500 и 370 тони брашно ТИП 400 и ако на тоа се додадат трошоци за преработка на пченица и тоа за електрична енергија, амбалажа, работна рака, како и остварување на добивка, пресметките покажуваат дека откупната цена пченицата треба да изнесува 14,42 ден./кг.

 

 

 

https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close