fbpx
Екологија

Одржлив развој на туризмот- враќање во природата

 

Екологија-

Современото општество е изложено на ризик од поголемо загадување на животната средина: влијанието на индустријата, зголемено глобално затоплување, отпадни води, издувни гасови и така натаму. Пропорционално на зголемувањето на загадувањето, расте ипотребата од туристичко движење, т.е. здрава природна околина. Позната е и изјавата на швајцарскиот писател Ж. Жак Русо во која пишува „Враѓање кон природата.“ Големата љубов на Русо за природата потекнува од неговата филозофија дека човекот е роден добар и е расипан од општеството. Една од важните цели за заштита на животната средина е стекнување на средства, т.е. капиталот да биде насочен кон економска заштита и успешна примена на капацитетот за одржлив развој. Туризмот е сигурна основа за економски валоризирани заштитени форми на природата.


Одржливиот развој на туризмот е модел на развој што подразбира одговорно однесување кон животната средина и употреба на природни ресурси, зачувување на економските, еколошките и културните вредности, како и стабилизирање на економскиот развој. Туризмот има позитивно и негативно влијание врз животната средина. Позитивни ефекти од туризмот: поврзани со реставрација на згради, споменици, историски места. Негативните ефекти на туризмот се: загадување на воздухот, земјиштето, флората и фауната, загадување на земјоделското земјиште итн. Растот на побарувачката на туристите за здраво и зачувано окружување и соработка со локалната заедница се главните фактори за развој на одржлив туризам.

Одржливиот развој на туризмот треба да се заснова на балансирана употреба на природните ресурси. Со оглед на развојот на технологијата и технолошките трендови, може да се каже дека сите овие технолошки иновации придонесуваат за подобар животен стандард, подобро задоволување на човековите потреби, под услов тие да немаат негативно влијание врз животната средина. Одржливиот развој е доминантна филозофија која секоја личност во глобалната економија мора да ја знае, ако сакаме да ги задоволиме нашите сегашни потреби без да ја загрозиме можноста на идните генерации да ги задоволат своите.
Според Светската трговска организација (СТО 2006), меѓународниот бизнис и туризмот се зголемиле со стапка од 5,4%, т.е. 826 милиони пристигнувања. Домашниот туризам се проценува дека е десет пати поголем. Еден од најголемите проблеми во туризмот е влијанието врз животната средина. Прилив на туристи со различни животни навики и активности што го нарушуваат економскиот живот е исто така неизбежен. Главниот пристап во економската анализа е односот трошоци- добивка.

Правилното управување со туристичките ресурси, треба да е во фокусот на успехот. Исполнувањето на концептот на одржлив развој потекнува токму од деградацијата на животната средина. Преголемата експлоатација на природните ресурси, негативните влијанија врз човекот, природните непогоди, киселиот дожд, ерозијата, претворањето на плодното земјиште во пустини, изумирањето на флората и фауната се само некои од бројните закани по животната средина. Киселите дождови се најголем еколошки проблем  денес. Тие прават голема штета на шумите, водата, намалувајќи ги приносите. Најголемите загадувачи на воздухот се: сулфур диоксид, прашина, јаглерод моноксид, азот, олово. Во атмосферата има и тешки метали од природни извори на шумски пожари и прашина предизвикани од ветер, жива, олово, бакар, никел. Изградба на шумски комплекси и пасишта за одмор и рекреација, го намалува учеството на тешките метали во биосферата. Од киселите дождови најмногу страдаат тревните формации, како и погодните места за развој на туризмот, кампување и рекреација. Еколошката состојба предизвикува растителни и животински видови да исчезнат. Дивиот свет е загрозен од несоодветни ловишта, живеалишта и резервати.

Земјата е загрозена од комуналните отпадни води. Економската зависност од потрошувачката на нафта и гас го доведува во прашање и опстанокот на економијата и растот на цените на меѓународен пазар. Затоа, се поставува и прашањето за снабдување со енергија, што се рефлектира во зголемената цена, што најмногу ги допира посиромашните делови на населението. Климатските промени се исто така неизбежни. Неопходно е да се најде најдобро решение за намалување на загадувањето на животната средина, минимални и во исто време исполнети енергетски побарувања. Треба да се обезбеди соодветно финансирање и да се координира соработката помеѓу приватниот и јавниот сектор.
За да се обезбедат инвестиции во животната средина, неопходно е да се канализираат соодветни финансиски ресурси кои не се на завидно ниво. Според програмата за заштита на животната средина, извори на финансирање се: буџетски средства, приходи од такси и даноци за заштита на животната средина. Нашата земја прима и разни видови на донации од странство: Светска банка, ЕУ, Европската банка за обнова и развој, итн. Најголемите потенцијали на обновливите извори на енергија се: биомаса, мала хидроелектрани и геотермална енергија, употреба на ветер и соларна енергија. Сончевата енергија е исто така значаен извор на енергија.

Економска политика и заштеда на ресурсите

Влијанието на економската политика од областа на контролата на ресурсите претставува забрзан економски раст, што подразбира поголема потрошувачка и побарувачка на природни ресурси, голема исцрпеност, технолошки напредок, потоа доминација на економските ресурси над природните, квалитет на финалните производи што е повисок и стапката на корисност на трошоците за обработка кои се пониски итн. Задачата на економската политика е да се постигне најдобриот можен животен стандард за луѓето. Во прехранбената индустрија, лесната индустрија, се постигнуваат најдобри резултати во намалувањето на потрошувачката на материјали. Фактори кои влијаат на заштедата на ресурси се:
1. зголемување на научниот и техничкиот напредок,
2. подобрување на техничките услови на функционирање на експозитурите и
3. развој на инфраструктурни производи.
Постојат идеи на економистите за заштеда на ресурсите:
1. Оптимисти – веруваат во развој на наука, технологија, технологија, нови ресурси, кои придонесуваат за подобра регулација на пазарот со соодветен механизам за цени.
2. Песимисти – според нив,  треба да се заштедат обновливи и необновливи ресурси за иден развој
3. Конзервативци – кои веруваат дека зачувувањето на дадените ресурси може да доведе до иден развој.
Со развојот на човечката цивилизација, нерационалното користење на природните ресурси станува клучен проблем. Се нарушува балансот помеѓу околината и природата и општеството. Од овие причини, неопходно е да се подигне свеста кај луѓето на повисоко ниво, со цел да се донесат „зелени“ закони насочени кон минимизирање на загадувањето на животната средина. Прецизно дефинирање на стратегијата, подигнување на свеста и образованието е сигурна основа за зачувување на биосферата и основа за опстанок за човечкиот живот, флората и фауната.

 

Валентина Соколовска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close