fbpx
Вести

Огромен интерес за автентичните производи на Макпрогрес Виница на саемот за храна во Келн

Меѓународниот саем за храна и технологија Ануга што овој месец по 33 пат се одржа во Келн, обедини над 7.400 излагачи од 107 земји од светот, кои на над 165.000 ентузијастични посетители им ја претставиja најголемата понуда на храна и технологија.

Саемот „Ануга“  не е само рекордно посетен саем, туку е и важна платформа за претставување на иновации во прехранбената индустрија, можност за нови контакти со производители, добавувачи, кулинарски професионалци и менаџери на супермаркети, што претставува значајно искуство, потенцијал за понатамошен пласман и унапредување на пазарните позиции.

И оваа година на саемот присуствуваше македонскиот производствен гигант на кондиторски производи – Макпрогрес од Виница кој на својот изложбен простор на љубителите на слатките задоволства од целиот свет им ги понуди своите производи од автентично домашно производство, откривајќи ја волшебната моќ на локалните состојки и претставувајќи ја својата вредност и традиција. Беа остварени повеќе од 150 контакти, како со веќе постоечки клиенти, така и со нови клиенти каде сеуште не се извезува, како: Сингапур, Сејшели, Мали, Тајван, Филипини, Украина, Русија, Џорџија, Нигерија.

Ануга 2017 за нас е од исклучителна важност, имајќи в предвид дека таму ги сретнавме главните „играчи“ од сите земји во светот на полето на производството на храна, технологија и гастрономија. Оваа година го промовиравме продуктното портфолио на брендовите ВинчиниАрмониаНатура и Дониа кои креираа карактеристични синергии меѓу посетителите, партнерите и потенцијалните клиенти“ – изјави Глигор Цветанов, извршен директор на Макпрогрес.

Во Келн го претставивме и новиот член на нашето семејство на брендови,  Дониа, кој наиде на голем интерес од страна на посетителите, за кои особено беа примамливи традиционалните специјалитети алва, локум и Bakehouse домашните колачиња“ – додава Цветанов.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close