fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Охрабрување за српските жени фармери во време на ковид

Во секторот земјоделски производи во Србија, пандемијата од Ковид-19 покрена голем број проблеми на кои требаше веднаш да им се обрне внимание: намалени цени на млечните производи за 30%, додека продажбата се зголеми за повеќе од 100%; недостаток на добиток за продажба; проблеми со рани зеленчуци и овошја што не може да се чуваат долго додека се продадат; затворени пазари и укинат транспорт.

Пандемијата предизвикана од Ковид-19 влијаеше на многу полиња во животот, за кои луѓето не се целосно свесни. Граѓанските организации мораа брзо да се приспособат на новата состојба. Во секторот земјоделски производи во Србија, пандемијата од Ковид-19 покрена голем број проблеми на кои требаше веднаш да им се обрне внимание: намалени цени на млечните производи за 30%, додека продажбата се зголеми за повеќе од 100%; недостаток на добиток за продажба; проблеми со рани зеленчуци и овошја што не може да се чуваат долго додека се продадат; затворени пазари и укинат транспорт.

Едно од здруженијата што брзо се приспособија на ситацијата е земјоделско. На почетокот на 2019 година, Здружението на жени од областа Колубара од Србија, го започна проектот „Економско зајакнување на жените во земјоделството“.

„Првичната цел на проектот беше да се соберат 122 жени фармери од пет општини во областа Колубара и градот Валево и да се организираат различни форми на образовни програми за подобрување на нивната работа“, вели Јелена Ружиќ во име на „Здружението на жени“ на округот Колубара.

Со цел да се обезбеди потребната поддршка, проектната платформа ја смени својата цел од поврзување на жени земјоделци во директно продавање на земјоделските производи што ги произведуваат. Здружението сега е платформа за продажба на домашни производи од жени фармери во областа Колубара. Тие започнаа да ги продаваат своите производи бидејќи онлајн платформата нуди безбедна испорака и директни набавки.

„На платформата, купувачите може да ги видат производителите на фармите од кои купуваат“, објаснува Ружиќ. Продажбата преку овој тип на пазар им помага на жените да продолжат да работат во агробизнисот и им овозможува на нивните семејства да заработат пари.

Здружението напиша отворено писмо до министерот за земјоделство и шумарство и до претседателот на Србија, во кое бара поддршка за проценка на штетата предизвикана од пандемијата и обезбедување средства за помош на земјоделството, како и на другите области на економијата кои претрпеа сериозни загуби во Србија. Писмото доби поддршка од „ОН Жени во Србија“ и голема видливост на социјалните мрежи. Како реакција, Министерството за земјоделство воспостави своја платформа за поддршка.

„Економско зајакнување на жените во земјоделството“, е дел од проектот „Клучни чекори кон родовата еднаквост во Србија“, финансиран од Европската Унија и поддржан од „ОН Жени“.

(Серија текстови „Успешни приказни“ подготвена со помош на проектот ЕУ ТАКСО 3. Медиумски спонзор  „Независен“)

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close