вестиСоветиТоп вести

Октомвриски совети за пчеларите

 Можеби се прашувате што може да предизвика смрт на пчелите во текот на зимата? Покрај болест, може да биде глад или влага, а можеби и некои глувци.

Грините од вароа сами по себе се посебна тема. Тие во основа се вирусни машини. Во текот на август, тие се побројни од пчелите. Затоа овие месеци се критичен период кога треба да реагирате и да го намалите ширењето на вирусот на вашите млади пчели, за кои очекувате да преживеат цела зима.

Не постои сигурен начин за искоренување на овие мали закани, затоа треба да изготвите план и да се држите до него. Целта е да се уништи бројот на грини што е можно повеќе пред да стигне  зимата.

Време е да оставите резервен мед за вашите пчели. Доколку го немате, потребно е да започнете со есенската прихрана што е можно поскоро бидејќи времето истекува.

За да се подготви сладок сируп, потребно е да се подготват два дела шеќер и еден дел вода (на пример: 4 килограми шеќер на половина литар вода). Деновите стануваат пократки и постудени, така што на пчелите не им е потребна дополнителна влага за да се олади кошницата.

Што се однесува до влагата,  пчелите во кошницата создаваат водена пареа, а постудениот надворешен воздух може да предизвика кондензација на честичките на влагата и паѓање на капките вода врз пчелите. Ова предизвикува нивно замрзнување. Затоа бидете претпазливи за вишокот вода во кошниците и осигурете вентилација во текот на целата зима.

Исто така, потребно е да се направи проценка во каква состојба е кошницата и, доколку е потребно, да се комбинираат колониите, слаба со силна, никогаш слаба со слаба.

Дополнителни идеи за подготовка во текот на зимата што треба да се разгледаат се редуктори за влез, штитници од  глувци, и ветробранска изолација.

На крај, проверете ја состојбата на кошниците, рамките, да не има  со скапани агли, како и состојбата на вашата опрема.

Извор: Агромедиа

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close