fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Олеснети ковид мерките, прославите со неограничен број гости, а ќе се организираат и концерти и забави

Угостителските објекти нема да имаат ограничување во работното време

Од денеска целосно се укина полицискиот час, угостителските објекти нема да имаат ограничување во работното време, свадбите ќе може да се организираат со повеќе од 100 гости, а дозволени се настани, концерти и забави во клубовите и локали само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1000 лица. Ова се мерките што ги препорача Комисијата за заразни болести, а вчера на седница ги прифати Владата и стапија на сила од ноќеска на полноќ.

Една од препораките е и измена и дополна на Протоколот за организирање  свадби, прослави и веселби.

Последната статистика од вчерашното деноноќие регистрира 29 нови случаи на Ковид 19 од направени 2887 тестирања, ниту едно починато лице. Оздравени се во тоа деноноќие 34 лица. Активни се 420 случаи.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472. Досега во земјата се направени вкупно 838.323 тестирања на Ковид-19.https://nezavisen.mk/olesneti-kovid-merkite-proslavite-so-neogranichen-broj-gosti-a-kje-se-organiziraat-i-koncerti-i-zabavi/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close