Вести
Oна што порано го купувале, сега го произведуваат, а вишокот го продаваат
Хамдија Малкиќ во 2005 година од Германија се вратил во селото Зелено Јадро кај Сребреница.
Тој на село засадил хељда, набавил механизација, почнал да работи во пластеник, а воедно и собирал шумско овошје.
„Она што го купувавме во градот, сега го произведуваме за сопствени потреби, но и за пазарот. Засадивме хељда, компир и тоа е наменето за пазар. Од козјо млеко правиме сирење за ситни, но и за поголеми купувачи во БиХ“ – вели Малкиќ.
Раскажува дека луѓето се чудат за џемот од домат, но кога ќе го пробаат, не прашуваат за цена.
Селото пред војната имало 76 домаќинства, а денес има само 15 куќи во кои има постојани жители.