Опрема за заштита од град во овоштарството сега и на македонскиот пазар
Заштитата на насадите е тренд кој има голема иднина бидејќи само заштитен насад може да ги даде очекуваните резултати во производството.
Еден современ овошен или лозов насад не може да се замисли без инсталирана опрема за заштита од град. До скоро на нашиот пазар не можеа да се најдат соодветни производи кои ќе ја вршат таа намена и во тој дел производителите мораа таквата опрема да ја увезуваат од странство. Имајќи го предвид влијанието на климатските промени ваквата заштита е од огромно значење за земјоделците. Бетонските столбови се посебно важни за таа цел, а сега тие можат да се најдат во фирмата ДООЕЛ „Конкрит Солушнс“ во индустриската зона Жабени. Започнале скромно за свои потреби, но брзо сфатиле дека овие производи се барани и на македонскиот пазар.
-Започнавме со една цел да ги намалиме личните трошоци во увозот на бетонски столбови од Италија па набрзо истата технологија, машини , рецептури и тим на познавачи на проблематиката за преднапрегантиот столб ги донесовме овде . По половина година учење и секојдневна работа, доаѓаме до целта производство пренапрегнат бетонски столб . Првите столбови се инсталирани на овошните насади со јаболко , круша и цреша на повеќе од 20 Ха на наши сестрински фирми кои се занимаваат со производство на овошје, објаснува Магдалена Христовска вработена во ДООЕЛ „Конкрит Солушнс“. Оттогаш до денес се занимаваме со производство и трговија на пренапрегнати бетонски столбови за заштита од град како и увоз и трговија на целата опрема која е потребна. Поседуваме модерна автоматска бетонска база каде произведуваме и сертифициран бетон за градежни цели со сопствен возен парк и градежни машини, додава Христовска.
Произведуваат два типа бетонски столбови со карактеристики:
- пресек 7x 8см
- 12 жици,4 парчиња железна арматура
- должина h= 5 и
Преднапрегнати бетонски столбови димензија
- Пресек 9×9,5, cm
- 18 жици, 6 парчиња арматура,
- должина h=5м
Ова се двата основни типови на столбови кои се неопходни за поставување на една заштита од град со тоа што столбовите може да бидат изработени во должина по желба и потреба на земјоделецот во зависност од видот на овошниот насад. За насад на круша, јаболко, цреша, праска и кајсија во главно се користи столб од 4,5 – 5 м должни додека пак за аронија ,малинки , боровинки ,лешник, лозови насади столбовите се изработуваат по потреба и желба на земјоделецот .
-Бетонските столбови се произведени по италијанска рецептура во строго контролирано фабричко производство кое го гарантираме со сертификат за квалитет. Производите се субвенционирани од ИПАРД фондовите во адекватните мерки од Програми за поддршка на земјоделството. Покрај бетонските столбови вршиме увоз на целосната опрема која е дополнително потребна за инсталација на една заштита од град како би ги исполнила очекуваните цели за поставување на истата, објаснува Христовска.
Во нашата земја ова уште е нов тренд, но има голема иднина и потенцијал бидејќи само заштитен насад може да ги даде очекуваните резултати во производството. Секој земјоделец знае колкави штети нанесува градот како временска непогода . Со инсталирање на еден ваков систем за заштита земјоделецот 100 % го заштитува својот овоштарник. Интересот почнува да расти и најчесто се инсталираат за заштита на насади со јаболко и цреша како култури кои се многу осетливи. Дека инсталирањето на систем за заштита против град може многу да помогне говори и податокот што тој е влезен во програмите за поддршка на земјоделскиот развој и голем процент од оваа инвестиција земјоделецот може да си ја поврати. Така на пример за 1 ха овошен насад со јаболка за потребна е инвестиција од 30 000 евра кои дел ги признава државата, а дел ги покрива земјоделецот. Сепак станува збор за инвестиција која брзо се враќа.
Од „Конкрит Солушнс“ велат дека им стојат на располагање и со логистичка и техничка поддршка на земјоделците. Целата активност ја спроведува тим од стручни лица обучен во Италија. Редовно посетуваат обуки и ги надополнуваат своите знаење со цел да се дојде до посакуваната идеја насадот да биде максимално заштитен.
Радува фактот што македонските земјоделци почнуваат да се информираат, посетуваат саеми и ги следат новините во земјоделското производство. Најдобар пример како треба да биде изведена заштита против град и како треба да изгледа еден модерен овоштарник во нашата држава се насадите на јаболко , круша и цреша во атарот на с. Српци во сопственост на „ОКАЦ“ и „Флора Фреш“ с.Цапари.
.