Канализациона мрежа со пречистителна станица ќе се грaди во селото Добрушево, Општина Могила. Проектот е добиен врз основа на Конкурс за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми , проекти и други активности од областа на животната средина за 2019 година.
Министерството за животна средина и Општина Могила денеска потпишаа договор за доделување на средства за проектот „Канализациона мрежа со пречистителна станица“ со вкупна вредност од 6 896 865 денари.
-Договорените страни се согласни финансиските средства кои се доделуваат од страна на Министерството за животна средина за реализација на проектот да изнесуваат 4 800 000 денари со вклучен 18 проценти ДДВ или 70 проценти од вкупната вредност на проектот. Сите дополнителни и непредвидени работи кои ќе произлезат од реализацијата на проектот да ги финансира корисникот од свои средства или да обезбеди дополнителни, стои во договорот.
Веста за добиениот проект ја сподели градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска.
-Пречистителна станица во с.Добрушево! Ветувањата станаа реалност!
Аирлија да е!, напиша на својот Фејсбук профил Гулевска.
А.Б