fbpx
ВестиТоп вести

ОПШТИНА НОВАЦИ ЌЕ ГО ПОДОБРУВА УПРАВУВАЊЕТО СО АГРО-ОТПАДОТ

Со средства од проектот „Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини“- Agrowchain од програмата за прекугранична соработка меѓу Република Северна  Македонија и Република  Грција , општина Новаци набави опрема со чија помош ќе собира биомаса, која ќе се користи за загревање на градинката во општината. Набавен е трактор и приколица како и хидраулична рака , предна косачка  за сецкање на биомасата и корпа за утовар. Останува уште дополнително да се до комплетира опремата со балирачка и котел.

Како што информираат од општината оваа опрема   ќе се  користи за  чистење  на речните корита и канали, а понатаму биомасата ќе се подготвува за огрев за потребите на грдинката. Главната цел на проектот е да се  подобри управувањето со агро-отпадот.

„ Општина Новаци се соочува со проблем во однос на менаџирањето со агроотпадот. Има голем број на одводни канали, во чии што корита не контролирано расте трска, шамак  и трева, кои доведуваат до затнување на истите. Заради тоа, ќе се создаде синџир на снабдување со отпад до селектирани корисници кој ќе се користи како гориво за загревање на детската градинка во Новаци. Синџирот за снабдување ќе вклучува собирање на отпад, негов третман со цел да биде компатибилен за согорување во котел за биомаса. Создавањето на одржлив синџир на снабдување ќе го трансформира агро-отпадот во корисно обновливо гориво што би резултирало со очигледен еколошки и економски бенефит .Ја имаме студијата  на податоци за мрежата на канали, атмосферска канализација, речни корита и слично, кои што ќе ни бидат како ресурс од чие што чистење ќе добиваме биомаса со која што ќе го загреваме котелот кој што ќе биде инсталиран во градинката “, вели  Љубе Кузманоски , градоначалник на општина Новаци.

Главен партнер во проектот е општинското претпријатие за загревање на поширокиот регион на Аминдео- ДЕТЕПА  а како останати партнери од грчка страна се Центар за обновливи извори на енергија и заштеда CRES и Кластерот за бионерегија и животна средина на Западна Македонија CLUBE  (ГР). Додека од македонска страна водечки партнер е Општина Новаци и Агенција за поддршка на развојот за земјоделството АПРЗ Битола која се јавува како партнер.

Проектот ќе трае 24 месеци, започна во јуни 2018 а ќе трае  до 2020 година. Вкупната сума за сите партнери изнесува 669 илјади евра. Буџетот на општина Новаци изнесува 216 илјади евра.

Проектот „Менаџирање со агро отпадот за загревање во руралните средини“ е поддржан од Интерег програмата за меѓугранична соработка, информираат од општина Новаци.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close