fbpx
Вести

Ориз од Фукушима ќе се продава на европскиот пазар

Оризот одгледан во регионот Фукушима во Јапонија се враќа на европскиот пазар. Оваа култура одгледана во областа каде се случи нуклеарна хаварија во 2011-тата година ќе се продава во Британија од следниот месец, јавува Џапан Тајмс, а пренесува Раша Тудеј.

oriz od fukushima kje se prodava na evropskiot pazar

 

Вкупно 1, 9 тони од оризот од Фукушима ќе се продаваат во Лондон и со тоа Обединетото Кралство ќе биде првата нација во ЕУ што ќе увезува производи од Фукушима по нуклеарната катастрофа. Продажбата следи по долгата кампања од жителите на Фукушима во Лондон со која требаше да се отстранат сите гласини за потенцијалната опасност на посевите.

Со поддршка од Обединетото Кралство, се надеваме дека продажбата на производството од областа ќе се прошири и во другите земји членки  на  ЕУ, вели Нобуо Охаши од јапонската група на земјоделци Зен – Но.

Брисел бара оризот од Фукушима да помине тест за радијација во Јапонија или во земјата увозник.

Катастрофата во нуклеарната централа во Фукушима беше предизвикана од цунами, што резултира со топење на три нуклеарни реактори и со ослободување на радиоактивен материјал. Тоа беше најголемата нуклеарна катастрофа по Чернобил од 1986-тата година, и втора што го доби највисокот ниво на класификација на Меѓународната скала на нуклеарни случувања.

Според мартовскиот извештај на Националната Академија на науки во САД, пет години по катастрофата најголемиот дел од морската храна на брегот од Јапонија сега се смета за безбедна за конзумирање, а се додава дека целосно ризикот од контаминација на морската храна е мошне низок.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close