Оризопроизводителите со трактори ги блокираа патиштата во источна Македонија, си ги бараат субвенциите
На протестот во Облешево тие јасно порачаа дека не се задоволни од неисполнетите ветувања за исплата на субвенциите кои се уште не добиле корекција на откупните цени, кои и натаму се драстично ниски.
Оризопроизводителите денеска излегоа масовно на протест со механизација и направија неколку часовна блока на магистралниот пат Штип Кочани. На протестот во Облешево тие јасно порачаа дека не се задоволни од неисполнетите ветувања за исплата на субвенциите, се уште не добиле корекција на откупните цени, кои и натаму се драстично ниски.
-Околу 60, па дури и до 70 проценти од оризот стои непродаден по амбарите, бараме по итно да се оствари средба со Министерството за земјоделие и да се најде решение за исплата на субвенциите бидејќи сите сме во незавидна ситуација треба да почнеме со новата реколта. Водостопанството претпрјатие веќе почна со списоци кој колку ќе одгледува , а ние немаме започнато со подготовките на нивите, вели Драгољуб Гаврилов од ИО на оризопроизводители, напоменувајќи дека се останати без пари а препаратите и трошоците за новата реколата се поскапени, а оризопроизводителите се во големи долгови во Земјоделските аптеки.
Оризорпоизводителите највија дека ако за една недела се средат состојбите се настапат со порадикални протести, со повеќечасовни блокади на патиштата.
Оризарите на денешните протести добија поддршка од дел од тутунарите од Прилеп.
-Здружени само може да постигнеме нешто како земјоделци, а сами тоа не го можеме затоа треба да се обединиме и да се поддржуваме како производители, порача Игор Мицески од ИО на тутнари, присутен на протестите.
Тим на Зелена берза