fbpx
ВестиТоп вести

Османи: Имаме историски успех во користењето ИПАРД

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на национален ИПА-координатор, денеска присуствуваше и се обрати на поставувањето камен-темелник за изградба и опремување на сточарската фарма „Голд ленд“.

„Денешното поставување камен-темелник за изградба и опремување на сточарската фарма ‘Голд ленд’ со современа опрема по европски стандарди, претставува инвестиција вредна безмалку четири милиони евра, но и најголемата ИПАРД-поддршка за бизнис досега, во вредност од над еден милиони и 100 илјади евра неповратни средства“, истакна Османи посочувајќи дека оваа инвестиција претставува најдобар пример преку кој може да се видат европските перспективи од нашето приближување кон ЕУ.

Во продолжение вицепремиерот Османи како национален ИПА-координатор се осврна на инструментот ИПАРД 2, во рамките на кој на располагање за периодот 2014-2020 година стојат 60 милиони, во насока на директна подготовка на земјата и на земјоделскиот сектор за спроведување на европската земјоделска политика и фондовите при членство.

„Во овој период имаме историски успех во користење на ИПАРД-фондовите, и тоа преку: зголемување на бројот на апликации со секој повик, зголемување на бројот на склучени договори на сметка на бројот на одбиените договори, намалување на ризикот од губење на ИПАРД-средствата, но и преку подобрување на портфолиото на ИПАРД-платежната агенција“, додаде Османи не криејќи го задоволство од зголемената искористеност на овие средства.

извор: Макфакс

 

Слични написи

Back to top button
Close