вести

Откупен половина од тутунот од овогодинашната реколта

Речиси по еден месец од почетокот на раниот откуп на тутунот, над половината од очекуваните два милиони и шестотини илјади килограми тутун од годинашнава реколта, прилепскиот Тутунски комбинат веќе ги има откупено.
Просечната откупна цена изнесува  204 денари за килограм, а исплатата се врши согласно договорите со кооперантите, односно 7 дена од преземањето на родот. Дел од тутунарите задоволни се од постигнатите откупни цени, но, дел не се, бидејќи сметаат дека годинашниот род е доста квалитетен и откупните цени треба да се повисоки.
Инаку, согласно Законот за тутун, за четири дена треба да започне и редовниот откуп на тутунот кој ќе трае до 15-ти март. Годинава тутунот е со подобар квалитет од ланскиот и тутнарите очекуваат  и просечната откупна цена да биде повисока. Побарувањата на 9-те откупните компании се околу 26.000 тони тутун, додека, според  Сојузот на тутунски здруженија проценката е дека производството ќе тежи 22-23.000 тони.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close