fbpx
ВестиВино

Откупувачи мамеле со цени и шеќерни единици кај грозјето

Отстапки во делот на истакнување на откупните цени кои се многу битни за земјоделците, баждарењето на мерните инструменти со кои се одредуваат шеќерните единици, но и самата регистрација за дозвола за вршење на откуп на земјоделски производи согласно на законот за земјоделство и рурален развој, се дел од неправилностите кои биле констатирани кај неколку откупувачи на грозје против кои ќе бидат преземени соодветни санкции.

otkupuvachi mamele so ceni i shekjerni edinici kaj grozjeto

 

Констатирани се неколку мали отстапувања кои се отстрануваат во од, се со цел да не биде запрен откупот, соопшти во Кавадарци Цветан Трифуновски, директор на Државниот инспекторат за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тој ги повика сите винарски визби и откупувачи на грозје да ги почитуваат законските обврски, за да не бидат казнети. Ги охрабри земјоделците да ги пријават сите неправилности што евентуално ќе ги воочат. Затоа што, како што нагласи, само со кооперантски однос ќе може да се стави ред во самиот откуп. Беше дециден дека плаќањето мора да биде според шеќерни единици како што е договорено и дека ќе бидат казнети сите што нема да го почитуваат законот.

Потсети на договорот за лански цени, вреднување по шеќерни единици и начин на плаќање, кој беше постигнат помеѓу лозарите и винарите, со посредство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Нагласи дека инспекторите се постојано присутни на сите откупни пунктови и така ќе остане до крајот на гроздоберот. Се со цел годинашнава гроздоберска сезона да помине без проблеми.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close