fbpx
Вести

Отворен ден на Агенцијата за храна и ветеринарство

Претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија во Охрид имаа средба со стопански субјекти и поединци што се јавуваат како оператори со храна од Охридско-струшкиот регион

otvoren den na agencijata za hrana i veterinarstvo

Станува збор за редовни средби со операторите со храна што ги спроведува Агенцијата за ветеринарство и храна преку отворените денови, осмислени како начин за да се слушнат проблемите на стопанските субјекти што работат со храна.

– Секој од заинтересираните оператори со храна од Охрид, Струга и околината имааше можност да посочи било каков проблем, да праша што го интересира и да добие соодветен одговор од институциите задолжени за односната проблематика, истакна Трајче Донев, државен советник за ветеринарство во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Како едно од прашањата инцирани на средбата во Охрид беше посочен проблемот со појавите на фалсикифуван мед на пазарот.

Тони Јосифовски, претседател на Пчеларското здружение од Охрид, истакна дека може да се живее и заработува од производство на мед, но мора да се работи на отстранување на фалсификатите од пазарот.

– Ова е голем проблем. Дури 90 отсто од она што се продава низ пазарите во Охрид е фалсификат. Попусто нашите активности и субвенциите од Владата, кога пазарите се преплавени од фалсификуван мед, рече тој.

Донев од Агенцијата за храна и ветеринарство во врска со посочениот проблем истакна дека надлежните институции постојано вршат редовни и зачестени контроли на медот што се продава на пазарите, но и конкретно на патниот правец Охрид – Кичево каде се продава фалсификуван мед.

– Постојано вршиме контроли на тој потег. Спроведовме и акција при што беше одземен фалсификуваниот мед, запленета беше сета опрема, изречени беа и парични казни и до пет илјади евра. Но и покрај сите наши напори се уште има луѓе кои фалсификуваат мед и продаваат таков производ. Наше е да продолжиме со таквите акции со цел максимално намалување на таквите појави, истакна Донев, апелирајќи до медарите постојано да ги пријавуваат фалсификаторите.

Статистиката покажува дека производството во Македонија не може да ги задоволи потребите на македонскиот пазар со мед, така што преостанатиот дел се обезбедува преку увоз. Од Агенцијата за храна и ветеринарство исклучуваат каква било можност за појава на фалсификуван мед од странство.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close