Oва овошје не се прска, а 100 грама чини 500 динари

(Oвој напис е објавен на: June 11, 2019)

Љубиша Јовановиќ кој живее во околината на Ниш откако се излечил од рак на дебелото црево, почнал да одгледува гоџи бери.

Бидејќи гоџито му помогнало во лекувањето, со сопругата и синовите решил да засади гоџи.

Синовите Немања и Никола, кои се инженери по овоштарство, му помогнале со своето знаење.

Подигнале плантажа, почнале да истражуваат, да продаваат овошје и садници, пишува српски Agroklub.

Но, тие се единствени луѓе во Европа кои имаат црно гоџи. Овој вид гоџи се смета за едно од најпрофитабилните и едно од најлековитите.

Од ова гоџи дневно може да се конзумира од 3 до 6 грама. На плодно земјиште се сади гоџи и успева во сончеви предели. Се работи од март до доцна есен. Растојанието од корен до корен е еден метар, а редовите мора да бидат оддалечени на 2.5 метри.


 

faktor